дебел (прид.) - дабов (прид.)

„Убаво изгледаш“, ми вели задоволна и ме поведува кон следната одаја, во која се влегува низ ниска, но дебела дабова врата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Висока авлија ѕидана со камен. Едното крило од дебелата дабова порта искршено со секира.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бавно се извлече од леглото. Го спотна огнот. Стави врз него дебел дабов трупец, да држи жар.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
До ѕидот на колибата, под стреата, изградена од талпи и диреци и покриена со слама, што ја правеше топло и заветно место, со години лежеше дебел дабов трупец.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)