десен (прид.) - дел (имн.)

Господинот беше на возраст од педесет и две години, со танки мустачиња и големи уши, високо потстрижен, со необично долги кркми, на средината благо разделени и, речиси, залепени на левиот и десниот дел од челото.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Под тешкиот товар, таа ја мина долгата улица, скршна во неколку мали улици и се изгуби некаде во десниот дел на Скопје.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
КАДАР (25) рез назад на сцена, кадар од длабокиот десен дел на сцената.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Скали што водат кон таван. Во десниот дел две сламарици.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Седев на каучот изморен од дотогашниот разговор што за мене веќе стануваше тешка мора и, речиси, отсутно ѝ ја ставив левата дланка на десниот дел од задникот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Внатре ја чекаше еден човек.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)