десетти (прид.) - дел (имн.)

Станував амбасадор на една земја што всушност не постоеше, акредитиран од една земја што набргу нема да постои, за да станам подоцна амбасадор на десеттиот дел од таа земја, новата независна Република Македонија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бев еден од последните амбасадори на земјата што повеќе нема да постои, за по десет години да се вратам од мисијата во Франција, претставувајќи ја Република Македонија, десеттиот дел од земјата која некогаш постоеше.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во мојот живот, како да ја наследив татковата и семејна судбина на егзилските парадокси, кои секогаш на животот му даваа сосема подруга смисла и го поставуваат во некакво неразбирливо и апсурдно наттрчување со неумоливата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Американските синеасти кои почнаа по 1930-та дури не се ни обидоа да го искористат десеттиот дел од теоријата која ја разви Грифит, и не ми се чини претерано ако напишам дека, од пронаоѓањето на звучниот филм, Холивуд не даде ниту еден голем визуелен темперамент, со исклучок на Орсон Велс (Orson Walles).
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)