детски (прид.) - плач (имн.)

Јас сум камен со детски плач Во утробата на светот И никој нема потреба да ме згрижи Пред челуста на ѕверот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Но, ниту Снеже ниту Саво не ја губеа надежта. Знаеја дека еден ден и во нивниот дом ќе се чуе детскиот плач и смеа и дека ќе бидат добри родители.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И така стотина деца, со ред. Во воздухот се слушаа само смрзнати детски плачови, наместо благогласни ангелски труби да го слават животот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Тоа скокна високо, испушти еден жален крик што ме потсети на детски плач, крик што и до ден денешен одекнува во мене, па се струполи крај моите нозе.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Во примракот се погласно се ронеше детскиот плач.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Избегнував да гледам во огледалата, а секогаш кога ќе погледнев во една репродукција од Дирер, ми се чинеше дека се гледам самата себе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа се моите деца, некој ги заѕидал меѓу ѕидовите, си велев во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакав да бегам, ама од меѓу ѕидовите се слушаше детски плач.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А јас и под водата го слушав детскиот плач од меѓу ѕидовите. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Поетот Матеја Матевски во занес ја црта мапата со улицата на својот прв детски плач во Истанбул и со повлекувањето на секоја нова линија сал туку се допрашува: само во песните ли бива на Босфорот да е подножјето ем на Бистра Планина, ем на Андите?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)