дефинитивен (прид.) - татковина (имн.)

Големиот парадокс во татковиот живот кој подоцна го следеше и неговото семејство, беше во тоа што секогаш кога помислуваше дека се здобил со нова дефинитивна татковина, неа како во правило ја губеше, обземен од митот на враќањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Почитувана госпоѓо Лејбовиц, Мајка ми, водена од инстинктот да се жртвува за својата рожба, раководена од стратешката визија на мојот татко во потрага по дефинитивна татковина, губејќи ја родната земја засекогаш, велеше дека Севишниот и го дарил животот за да ги спасува своите чеда.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Би сакал да ве пречекаме крај Охридското Езеро, кое конечно останува мојата дефинитивна татковина пред нашата заедничка татковина, татковината на животот... Со особена почит Луан Старова
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев среќен што можев во еден убав повод, каков што ретко дарува судбината, да го сретнам повторно по многу години Махмуд Дарвиш на бреговите на Охридското Езеро, роден на другиот брег на ова езеро, кое го сметав како дефинитивна татковина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата поетска крива од првата збирка песни Птици без крилја до Трагата на Пеперутката ја испиша монументалната поетско-историска енциклопедија на својата Палестина...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Робер Мале останува верен на својата мисија оти по мирен пат ќе го разреши судирот, верувајќи, како и во поезијата која ја создаваше дека останува конечен жител на татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Голем пријател на Албер Ками, делејќи заедничка работна соба во еден период кај издавачот Галимар, ги споделува во неговата медитеранска поетика според која Медитеранот останува негова дефинитивна татковина, како суштински дел од татковината на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Потоа тој, петроградски дипломец, со завршени студии по медицина и микробиологија, а Татко цариградски дипломец по правни студии, патот на судбината ги водеше кон Балканот, на бреговите на Езерото кое им се нудеше како дефинитивна татковина, губејќи ја надежта да се вратат во нивните земји.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Овој руски емигрант, кој во Езерото си ја откри својата дефинитивна татковина, сакаше со откривањето на мистичниот пат на јагулите и на неговиот опстанок, да им ја упати својата последна порака на луѓето од овој крај, на човештвото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)