див (прид.) - вепар (имн.)

Откако оние што се нарекуваат спасители на верата, со огрлица од заби на див вепар околу дебелиот врат, упаднаа во Градот, и расфрлајќи пцости и оглодени коски од недоноќните гозби, ги изгнасија плоштадите, не е сигурен дали следниот пат ќе се запрат на искршените порти и ограбувањето...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговите подвизи остануваа сегде зад него, зад секоја негова стапка, трага на див вепар, а тој не им го знаеше името.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега беше застанат над таа длабоко вкопана бразда и знаеше дека тука поминал еден од оние сами диви вепрови, еден таков самјак, каков што може само да се сонува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)