диктаторски (прид.) - екстаза (имн.)

Тој повторно е во право: со милениуми, апетитот за моќ, за владеење е распространет во голем број малечки или големи тирании кои цветале, се извишувале или пропаѓале, завршувале во една тиранија, со сите соништа и илузии за моќ и власт, со гладта да ја нагризуваат планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Разнесеното, распрскано човечко стадо ќе биде повторно собрано под заштита на еден немилосрден натрапник, вид планетарно чудовиште пред кое нациите ќе коленичат, немоќни да се побунат пред диктаторската екстаза.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)