длабок (прид.) - благодарност (имн.)

За прецизните сугестии за надополна и уточнување на последната проза од оваа книга, длабока благодарност им должам на д-р Исак Нехама, ветеран од Втората светска војна и активен волонтер на Музејот на холокаустот во Вашингтон, како и на г. Роберт Бедфорд, извршен директор на Фондацијата за унапредување на сефардските студии и култура.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Но, добив и изрази на силна поддршка – кои сакам да ги истакнам тука, и тоа со длабока благодарност – од Фондацијата триаголник, која е организација за човекови права и за застапување на ЛГБТ што дејствува на ниво на целата држава Мичиген и од нејзиниот директор, Џефри Монтгомери; од студенти, од колеги и од вработени во управата; од многумина дотогаш непознати добронамерници, и геј и стрејт, од Универзитетот на Мичиген, од градот Ен Арбор, од државата Мичиген и од целиот свет. ‌Во меѓувреме, контактните емисии на радио, националниот и меѓународниот печат ги заплисна порој од џагор.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Холокаустот е трагедија искусена од повеќе народи, а напати ми се чини и судбина на современата цивилизација која продолжува да трае и во таа нејзина трагична димензија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)