длабок (прид.) - поклон (имн.)

— Бујрум — бег, си ме викал? — проговори како со туѓа уста.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Да ви се ногу години, ефендилер, — проговори Трајко и со длабок поклон ги поздрави двајцата султанови служители, сиот затресен од возбуда, знаејќи дека не го вика мудурот за добро.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
(Како да прави „метании“ — длабоки поклони при молитва, по колена влегува во колибата, која е ниска.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Треба да ги принуди сите што ќе ја здогледаат да ја сведнат главата во длабок поклон кон нив и нивната сила, умност и моќ, како преку ден, така и преку ноќ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
БАРБОШИН: (со длабок поклон кон Љуба).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ТЕОДОС: (Од колибата.) Пју, ама било чисто! Ама било слама! Плева!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)