дневен (прид.) - ред (имн.)

Дождливите пак, немилосрдно, ме потсетуваа дека треба да решам едно прашање што не е симнато од дневниот ред и кога немам нужда да мислам за него, - а тоа е прашањето за моите чевли.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Пристигнавме кога веќе добро се смрачуваше. Утрото на Велигден требаше да се уверам дека моите чевли сѐ уште не се симнати од дневниот ред.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
137. Ете зошто, прашањето кое наречје треба да биде општ литературен јазик за Македонците и Бугарите, ако првите и за напред ќе се викаат Бугари, коешто прашање сега не се поставува на дневен ред, зашто умовите на сите Македонци сега им се зафатени со револуционерното движење, еден ден неминовно и без други причини ќе поведе кон едно расцепување меѓу Бугарија и Македонија, со создавањето од страна на последнава свој литературен јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најголем апсурд е кога на дневен ред се социјалните случаи, а пола од пратениците дремат на социјалната мрежа глумејќи загриженост за социјала.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На дневен ред се расправа ребалансот на буџетот, а ја залегнат у дубоката кожна фотелја кликам на новите статуси кои ми пристигаа на фејсбук од државниот лаптоп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На дневен ред ѝ беа прво матурската, а потоа, за неа многу поважната, екскурзија низ Југославија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На дневен ред беа измените на кривичниот закон, кој во новата верзија предвидуваше тешки казни за дела против државата, дури и смртна казна.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Така, на почетокот на 2006, на Митревски не му се исплатени дури 15 месечни плати (вклучително и придонесите од плата).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во март 2006, проблемот со Клуб - кафеаната и вработените во неа е ставен на дневен ред на Владата на РМ, а како дел од ресорот на тогашниот Министер за култура (Б. Стефановски).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Разговаравме за летовањата, кој каде ќе оди и кога, а тоа е една од темите што најмногу ја сакам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив на утрешниот “састанак” овие мои дилеми да ги поставам на дневен ред, иако знаев дека главна точка ќе биде мојот случај.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Раскажував со покајанички глас, често повторував дека сум виновна и дека таква глупост никогаш повеќе нема да ми се повтори.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нашите семејни состаноци што татко ми ги закажува секогаш кога за тоа ќе се појави причина – било да е добра, или лоша, се такви: секој има право да го дополни главниот дневен ред, а него го составува претседавачот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Претседавачот е татко ми, а мајка ми го надополнува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Другите точки од дневниот ред беа попријатни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Главна точка на дневниот ред бев, како и што претпоставував, јас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Својот став за македонското прашање САД го дефинирале со Велика Британија уште пред почетокот на Јалтската конференција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На седницата на министрите за надворешни работи одржана на 10 февруари 1945 на дневен ред било поставено прашањето за југословенско- бугарските односи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Од своја страна, САД имале свој став во врска за ова прашање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
На Конференцијата на Јалта македонското прашање не било поставено на дневен ред ниту на седниците на големите тројца, ниту на состаноците на министрите за надворешни работи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во предразговорите меѓу американските и британските преговарачи било договорено тоа прашање да не се става на дневниот ред на Конференцијата во Јалта.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Советскиот претставник Молотов истакнал дека за тие преговори се запознаени и Британците, и тоа од советска страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Бери Адам, социолог и еден од изумителите на лезбејските/геј/квир-студии, вака ја срочил поентава: Сега сме во период кога различноста е главната точка на дневниот ред, а квир правоверноста не дозволува потрага по заедничност и нејзино претполагање сега откако за заедничноста што ја воспоставиле геј/лезбијските идентитети се обелоденило дека, всушност, никогаш не ни постоела (што е и причината поради која квир-теоријата никогаш нема да може да објасни зошто толку многу жени и мажи и покрај тоа одново и одново потврдуваат идентитет).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Веднаш штом стрико Борис ја стави на дневен ред оваа точка, јас пак срипав и се пријавив доброволно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Бидејќи директивата едногласно беше прифатена од селото, на дневен ред дојде да решиме како ќе се собираат кучињата, каде ќе се тепаат, и кој и како ќе ги убива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
ФЕЗЛИЕВ: Добро. На дневен ред е - господа - молчењето. (Пауза.) ...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)