добар (прид.) - е (гл.)

Добар е и вака да се јаде, со џимиринки, со сирење, или со кисело млеко, но многу е посладок ако пред тоа се потпече, во тепсија, заедно со џимиринките, или со сирењето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој ред што можам да го спроведам добар е.”
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тој се накашла и рече прибрано: „Анамата Атиџе, добра е?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
— Па добар е, велам, нели сме пак заедно, добар е...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ПОП ЈАНЧЕ: Ааа... значи го сака? Па добра е тогаш работата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
БОРИС: На еден ќе му дојде, на друг ќе му појде. (Пауза ) Добра е музиката. Има енергија.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ама, не ти се допаѓа многу, нели? - инсистирав. - Добар е, - пак кусо ми возврати.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се враќаме пак кај Огнена Ѓорго. Добар е човекот, уште не се пограѓанчил сосема, а и некоја далечна своина паѓаме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Добар е овој Витомир, после си мислам, можеш и лулиња да товараш на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)