добар (прид.) - ангел (имн.)

Ако не зборувате така, како што ви велиме, тогаш секојa ноќ ќе сонувате само соништа во кои во густи шуми ќе ве бркаат волци, од матни води ќе излегуваат змејови и со пламени јазици ќе ве горат... и добрите ангели нема да ви дојдат на помош...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од горните куќи на Маказар ги слушам последните довикувања, некоја пцовка по говедото што не слуша, по некоја клетва што не фаќа по детето што не сака да се прибере од играта на патот, по некое удирање на врата додека сите врати не се затворат и додека прибрани, луѓето не го почекаат добриот ангел да им влезе дома и, пред заспивање, да им каже дека Бог мисли и на нив и на нивните грижи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Чичко Васко како да беше добриот ангел на Еда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Проклет да бидам, имало господ, во тоа темничиште и по тие скапани скали да се помине само со неколку полесни случаи - чело, нос, око, шината нога, о, тоа морало некој добар ангел тука по цела ноќ да бдеел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не, не успеав да ја најдам куќата. Не ги најдов и моите добри ангели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И уште додадов оти нема друга таква ѕверка освен човекот која покрај добриот анѓел што го има покрај себе, самиот си ја нарачува придружбата и на оној другион, црниот анѓел, кој постојано очекува работите да ги преземе во свои раце.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Татко, со овие постојани мисли, со Мајка в куќи, го очекуваше доаѓањето на Цветана Горски, како добар ангел на судбината.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Настаните кои се навестуваа, ја замаглуваа нашата надеж дека добриот ангел ќе ја мине границата и ќе го донесе каталогот на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Посакувавме новиот ветер на слободата, на отворањето на земјата, силно да дувне, да го понесе нашето писмо на некој облак, да го земе некаков добар ангел, да го однесе во Италија, во земјата во која Мајка некогаш беше среќна и да го предаде во стоковната куќа на Ла Ринашенте.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)