добар (прид.) - вечер (имн.)

Да се разминуваш, да изустиш добра вечер, о, светци, а тие, се загледуваат во тебе, незнаен и непознат за нив, и те поздравуваат: ти првпат миеш раце во облаците?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Добра вечер, му вели на Јосифа, а потоа свртувајќи се спрема Максима, кој ја затвори вратата и со пиштолот в раце остана да стои зад него, вели Некој дојде во Потковицата, по Градишки Пат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш слушна еден познат глас: „Добра вечер, Томаица“. Се сврте, препознавајќи го гласот на Петар: „добра вечер, Петар.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)