добар (прид.) - вујко (имн.)

Добро, реков, не сакав премногу да ги жалостам срцата на мојот добар вујко Илко Костадиноски и на мојата златна вујна Кола Костадиноска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Беше добар вујко ми, но токму...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак вујко ми Иле, добриот вујко Иле, кога тргнав, на разделба, кога му подадов рака за да се поздравиме, се колнам, ја остави вилата, го вадеше гнојот од шталата, си ги позабриша рацете од колената и пазувите, ме прегрна толку силно што чинев сите коски ќе ми испукаат.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Знам и за кучињата и за кравите, знам зошто вујна понекогаш ме мазни по глава, ми дава лепче со сиренце само за да излезам надвор од куќи; знам и колку го налутува тоа мое влечкање по скали добриот вујко, него место не го земаше чекајќи да излезам од куќи.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
После, се шетав кај што сакав...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не се претргнував од чистење!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Со радост си спомнав за вујко Иле, се колнам, мислев, ех, каков вујко имам јас, добриот вујко Иле Костадиноски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)