добар (прид.) - дедо (имн.)

И мојот добар дедо почнувал да раскажува како чевлињата ќе бидат едни црни, светликави, со скобички по ѓоновите, со врвци што на крајот ќе имаат желевца за провирање во дупките но сепак најубавото на нив ќе биде тоа што таму каде што ќе се врзуваат ќе имаат нашарен преклоп.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
А добриот дедо Стамен си мислеше како да му угоди на своето мало палаво внуче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Нема да одигра со своите другарчиња на чаирот на сред село; нема веќе да ја види мајка си, татка си, брата си, сестра си Анѓа и добриот дедо Богдан.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Си зеде збогум од „добриот дедо Стале" и, потпирајќи се на стапот, околу мракот си дојде дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе се измори добриот дедо Спасе, ќе му се приспие но за да му угоди на внучето раскажува ли, раскажува...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)