добар (прид.) - домаќин (имн.)

Тој беше и добар домаќин со чифлигот во Лагот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во Перт има еден Преспанец кој како и сите добри домаќини си направил куќа чардаклија за од чардак севезден да ги пули ѕвездите како низ трепети му испраќаат ишарети од родниот крај што само тој ги разбира.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Бидете добри домаќини – бранете го својот двор!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Како добри домаќини направивме план да ги прошетаме и да ги запознаеме со нашите пријатели.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Со моите добри домаќини не стигнав дури ни да се збогувам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Инаку ќе ни се смеат гостите и ќе прикажуваат дека не сме биле добри домаќини.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Уметноста што е навредувачка, конфронтирачка и брутална, се појави во ерата на бунтот против студенилото на формалистите, и во таквата атмосфера Риверс се вклопува совршено, ако не и пророчки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите експериментални техники и присвојувањето на ортодоксните медии сега се општи места, и никој не се буни премногу ако уметничкото дело е сирово или измешано, сѐ додека уметнковата мотивација е силна и неговата сериозност не се доведува во прашање. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 234
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За да добиеме целосна слика за тоа како Риверс се вклопува во развојот на современата уметност, неопходно е да го истражиме не само неговиот живот туку и мислењата формирани и објавувани од коментаторите и анализаторите - и тоа како оние што го поддржуваат, така и оние што го омаловажуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во светлина на обновената уметничка фигурација, се чини дека тој, како добар домаќин на своите современици, го подготви патот за враќање во живот на обидите за синтетизирање и помирување на фигуративната ликовност и експресивната употреба на медиумот - навистина, голем број од Риверсовите платна од 1950-тите и 1960-тите, во контекст на современите слики делуваат фантастично свежо и витално.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)