добар (прид.) - другар (имн.)

А, ете, сепак, тоа ѝ се случува на мојата толку добра другарка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Бевме добри другари и во игрите и во училиштето, а пак како дрвари бевме неразделни.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Младен е весел другар, добар другар.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ќе се затворат во соба и само нешто си шушкаат, некои нивни тајни, поим немам за што разговараат, ама се гледа дека се добри другарки.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам дека вие двете би можеле да бидете многу добри другарки, кога таа би имала макар малку слободно време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Пред „Лондон” отидовме цела сурија деца од Капиштец: Снеже, Тања, Мацка, Весна, ... дојде дури и Горан, кој ми е многу добар другар, но не излегува со нас оти си има девојка, но беше замината на летување, па и тој нѝ се придружи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но, мала утеха за мене.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја гледам и си спомнувам, еднаш мајка ми ми рече: „Да можеме да сме на иста возраст, мислам дека би биле добри другарки ние двете”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но знаеш колку е тешко некому со кој си многу години добар другар да му признаеш дека го сакаш?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму веќе беа Лета, Вања и некои момчиња што јас не ги познавав, но Лета нè запозна со нив и се оформи една голема весела и разговорлива дружина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- А дали ти мислиш дека можат добри другари, ако се машко и женско, секогаш да останат само другари? – го распрашував Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Од страв да не те откачи?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мислиш, дали со текот на времето нивното пријателство може да се развие во љубов?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја одмерувам од глава до петици и си мислам, е богами со тебе тешко дека би се дружела, види се каква си.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Во Битола имав многу добри другари и колеги.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Имате желби да летате, да патувате, да бидете сакани, да ви се живи и здрави тато и мама, имате желба убаво да се облекувате, да имате свои книги, имате желба да бидете добри ученици, да имате добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А тоа се пред сѐ: добро да учите, добро да се однесувате, да развивате кај себе работни навики и да ја сакате работата, да бидете уредни, да бидете добри другари и слично.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Дали сè сум научил?.. во седмо предметите се тешки... морам повеќе да учам... да не ги разочарам родителите... не заради нив, тато вели - За себе да учиш, за да научиш - ние сме на второ место... има право, средината добро ме прифати.. другарите, другарките, наставничките, Еко е необичен, вонсериски, нема споредба... ми се чини како познат со години... како да сум го барал во моето минато... и сега сум го нашол - како добар другар, и како авторитет... не од некој страв туку од почит и затоа што го сакаме - најмногу учиме географија... не, од него никој не се плаши, дури и Зоки никогаш не пелтечи кога одговара... кога би бил просветен работник, би бил како Еко... за сите други не можам да давам никаков суд, не сум компетентен, доволно не ги познавам... секој со сопствен карактер - индивидуалност - со Еко минуваме најмногу време... секој си има индивидуалност и треба да си ја развива... апсурдно би било сите да сме еднакви - конфекција - униформа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Да, од Танета - одговори Трајче. - Ех, - воздивна чичко Тале - со татко ти бевме добри другари.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Аце и Дарко беа добри другари. И неразделни.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И тој, како и другите, е добар другар.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Таа е навистина добра другарка, одговорна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)