добар (прид.) - душа (имн.)

Тој имаше силна внатрешна моќ, широка и добра душа, но кревко срце кое лесно доаѓаше во судир со спротивставените властољубиви, кариеристички, бирократски сили.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„А ти си таква добра душа, чиста и нерасипана“, ја фалиш за на крај да ѝ предвидиш дека ќе ѝ помогне човек во униформа... доктор, цариник, банкар... келнер не е!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ниту едно суштество за милозливо да ја прими добрата душа на мртвите... за потоа полека да им зборува на нештата... Храбро за себе самиот!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во тие мигови, додека интензивно ги следи информативните емисии, ги чита весниците и на сите можни начини настојува да ја разбере ситуацијата во Твојата земја, госпоѓа Лејбовиц постапува токму онака како што би постапувала Твојата мајка: по факс Ти го испраќа планот на град Скопје (каде ли го нашла, добрата душа!), молејќи Те да го одбележиш местото на кое живее Твоето семејство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
На Твојата машка натура навистина $ требаше многу време (неколку години!) сосема да го разбере, а потоа и да го прифати она што Твојата луцидна пријателка постојано го преповторува: Посебните врски што јас ги одржувам со вашите книги ме водат до мисла дека за тоа што ме учат за вас е бескрајно подлабоко и побитно отколку с што би можеле вие да ми раскажете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Благодарение на годините што си ги поминал со Елен Лејбовиц сосема непозната жена што во Твојот живот влегла буквално од никаде, та и излегла од него по истиот терк, исчезнувајќи (во текот на Божиќната ноќ) во некоја конечна бартовска тишина...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пелагија не копаше по добрата душа на Танаско, што кажа - кажа, другото сама мораше да го надополнува.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Цел еден век. Уморот, тешкиот пат, гладот и жедта што нѐ следеа со часови додека нѐ носеа во домот завчас исчезна, божем сета наша мака, несреќи ги стопи добрата душа на Големата вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Џеки лудуваше од радост гледајќи како добрата душа на човекот се менува.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)