добар (прид.) - живот (имн.)

И така со ред, со клетви и пцости во живи, во мртви, во мајки, во жени, ги убедуваа прилепските трговци селаните и си живееја добар животец.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ти мене ме лажеш! Јас трошам време да разговарам со фини, богати луѓе за тебе, да те вдомам во куќа во која ќе имаш добар живот, а ти мене ми се спротивставуваш, ми вадиш некакви модерни теории, ми криеш, прајш работи зад мојо грб и излегваш со непознати??!?!?
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Ех, синко, то знаење не е фута. Од то можи само да се преживеи, но добар живот за ќерка ми - најмалата, најубата и најгалената – нема да има.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)