добар (прид.) - знак (имн.)

Тоа си го протолкував како добар знак...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Веројатно тоа е невозможно и во сето тоа е добар знак.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Значи, можеби растечкиот куп книги и часописи крај мојот кревет е добар знак; можеби сигнализира смрт на идејата за културно владеење (кое често е во дослух со економското и политичкото владеење); слично како и менувањето канали, можеби и тој имплицира обновено почитување на личното искуство и личните желби, наспроти „мудроста“ на културните гуруи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
„Градската сказна“ е добар знак. градска сказна Еднаш Алиса со точакот отиде да го види својот пријател, градскиот шут, и да му ги покаже откорнатите кочници.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Веќе не ми обрнуваше внимание и знаев дека тоа не е добар знак. По малку време дојде полиција.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И за Кети тоа беше добар знак, дека син ѝ решил да заборави и да ѝ опрости.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
На два пати се сврте да види да не иде некој зад неа. Тоа беа сѐ добри знаци...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ова за него беше еден мал добар знак, но ќе мора можноста да ја одложи зашто ресторанот наскоро почна да се полни, а нему му беше потребно допивање за да го разбие малерот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тоа беше добар знак.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во истиот момент му текна дека според старите тоа ќе е добар знак, за разлика од тоа ако стане на лева нога кога денот ќе ти тргне на лошо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Беше среќна, а го толкуваше како добар знак тоа што, со еден од клучевите од врската клучеви од напуштените куќи крај Езерото и крај морето, ја отвори бравата на новата куќа, кога Татко беше отиден да го бара вистинскиот клуч.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)