добар (прид.) - мајка (имн.)

Се плашеше од зборот да не ја распара како меч, но најмногу од оној „добрите мајки не ги фрлаат децата, само кукавиците ги подметнуваат во туѓи гнезда“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Терапевтот будно ги следи телесните реакции на Лена, координираат ритамот на нејзиниот говор и дишење, поставувајќи прашања кои отвараат простор за нови нарации: Ако таа го напушти бракот од љубов и страст за да биде верна како телесните добра сопруга и добра мајка во стабилен дом, кои настани ќе ја обликуваат нејзината иднина во годините што доаѓаат?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако го прочитав нејзиното име и презиме на штичката, на која покажа татко ми, не можев мајка ми, нашата жива, секогаш насмеана добра мајка да ја поврзам со ова купче натрупана земја и со оваа грубо изделкана и испишана со црна боја штичка.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Како секоја добра мајка кога забележува црвенило или бледило на обравчињата на своето дете и инстинктивно со својата чувствителна дланка го допира неговото чело за да види дали има температура, така и Кети, додека газеше боса меѓу леите, го прегледуваше секое растение со љубов и испитувачко око.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ене оној, кутриот, она проќелавено човече со полни усни пикнато во ќошот што седи со крената јака и гледа пред себе, е тој е да речеме еден од нив.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Прашајте ги вашите добри мајки, речиси сите барем по еднаш ја посетиле Силвија, најдобрата casamentera5 ен Дорќол.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во тој пекол најпосле го видов сиот наш несреќен живот, војната, темните војски, познатите и непознатите мртви по полињата, по патиштата, по војничките камиони, покриени со шаторско крило, мислевме дека спијат, будали дечишта што крадевме бомби по војничките камиони; потоа пред очи ти е домот, тажната смрт на ѕвонарот, добрата мајка Верна Јаковлеска, стрикото Лентеноски, неколкуте ошумоглавени бегалци, татенцето, неговата црна судбина, другарката Оливера Срезоска, старо, несреќно девојче, нашите кутри учители и воспитувачи, Трифун Трифуноски, неговата болна, темна душа, благородна, светла, о, се колнам, тоа беше патот што водеше кон Сентерлевиот рид.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Тоа беше мајка Верна Јаковлеска, добрата мајка Верна Јаковлеска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Кога го спомнав ова, Филипе, дали вие сте толку среќен затоа што, како што би се рекло, имате добра мајка?“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свилата е вештачка, храната ужасно синтетичка и прилега на оние фалсификувани продукти со кои се колкаат мумиите, а жените – стерилизирани против несреќи и стареење – престанаа да бидат живи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)