добар (прид.) - мајстор (имн.)

Сал не скоривај јадови! на стари, добри мајстори!
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Бидејќи беше добар мајстор, имаше нарачки од секаде: и од селата и од градот: правеше ќошиња за куќи, лакови за прозорци и врати, скали, корита за чешми, столбови за цркви и камбанарии, плочи за споменици и гробови, воденички камења и сѐ што ќе му се нарачаше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Остави задужбина да се изгради саат-кула и во Скопје, да се доведе, пак од Сигет, некој добар мајстор за овие работи, тој нека се плаќа добро, ама да го намести саатот врз саат-кулата како што треба, и притоа тој да отчукува и модерно, не само по турски, туку и а ла франка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)