добар (прид.) - мисла (имн.)

— Море ми, оти да не игра, кога му е добра мисла?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ни е добра мисла и нека ни се живи дечињата да си а собереме седбичката, благотичката, ете бостанец, царевчичка, градинки, лозјенца, едвај ако можеме тиа работи да и потиснеме и еве ти го, Митровден дошол.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Да бидеме само добра мисла, - велеше Пискулиев, - видувачка пак има.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Без никакви формалности, обраќајќи им се на Даниел и на неговиот брат, кои го ѕидаа внатрешниот ѕид, таа директно ги замоли да ѝ ги заѕидаат нејзините добри мисли во тулите на таа куќа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но Даниел ѝ рече, „Дали веруваш дека добри мисли може да се заѕидаат во куќа?“ Девојката јасно истакна. Да, верувам.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Да... секако... знаеш...“ Тој погледна во Френк и потоа пак во девојката и тогаш рече, „Можеби, ако дојдеш пак, тоа може да ни помогне да заѕидаме добри мисли во куќава.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И веќе знаевме дека од таму се влечеа други камиони полни со ранети и ние пак застанати скраја од џадето, ги чекавме со искра надеж која ни ја поткрепуваше добрата мисла дека нешто ќе слушнеме за нашите најмили.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ни елегиски дистих за неа, ни добра мисла, ни слатко за добредојде.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И, ај со здравје, со добра мисла, го испративме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За здравје и за добра мисла ќе ни даде од ракијата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)