добар (прид.) - сенка (имн.)

- Карамба-Барамба, - реков. - Таа сенка не заслужува да оди зад тебе ни пред тебе.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Пак молчев - како ли се цртаат добри сенки? - ... Како слон без сурла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Ветровите што со тебе ноќевале излетаа ко црвени пеперуги Патува сега таа румена шума таа добра сенка на твојата смиреност таа ведра чадовина О ружо на пладнето дали тоа во нас се населува нова вртоглавица Во белиот камен покрај патот израснува еден румен знак Твојот цут во каменот се враќа Дали е тоа предзнак и за нас што дојдовме многу од далеку во тихиот предел на спомените.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
- На многу убаво место е никнато дрвцето, добра сенка ќе држи, за мила убавина, - мечтаеше стариот. - Како мислиш, Стојче, да го калемиш?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)