добар (прид.) - сосед (имн.)

А не беа никаква роднина. Соседи. Само добри соседи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Преживувањето е неиздржливо кога помислувам на личните трагедии, на оние илјадници кои ги загубија животите, на оние кои исчезнаа, на оние кои се раселени, на оние кои избегаа, кога помислувам на жртвите по логорите, на децата, на оние кои го преживеале пеколот, на оние во Босна кои пеколот сѐ уште го живеат, на оние кои допрва ќе го живеат, на крвниците кои до неодамна беа само добри соседи, на жртвите од кои некои и самите ќе бидат крвници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Да ја побараат добрите соседи за некој совет, за лек, или за некоја интервенција, кај нејзини­те постари синови, на значајни позиции во општеството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Добрите соседи нѐ гледаат како живееме. Сакаат да ни помогнат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)