добар (прид.) - хомосексуалец (имн.)

Контактите можеш да си ги бираш од оние видови луѓе на кои веќе гледаш со одобрување, според своите необмислени, нереконструирани критериуми.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Го задушува распространувањето на геј-културата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш да си се држиш за неослободените, хетеросексистички, мачо-предрасуди, за одрекувањата, за стравовите и можеш да си најдеш други со кои ти се заеднички.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не мора да им се изложуваш на луѓе што можеби се поискусни во геј-живеењето од тебе или кои можат да ти ги спорат непроверените мисли за политиката.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Можеш и понатаму да си се држиш за идеалниот калап на добриот хомосексуалец: некој доблесен, мажествен, полн самопочит, достоинствен, што не е од „сцената“, непромискуитетен, со конвенционален светоглед и солидно приврзан за традиционалните вредности – прав граѓанин и честит припадник на (стрејт) општеството. ‌Накратко, појавата на една разбиена, виртуелна заедница и исчезнувањето на една настрана јавна сцена, заедно со губењето на две-три генерации геј-мажи поради сидата, отстрани голем број од условите нужни за одржувањето и за унапредувањето на геј-ослободувањето – за културен и политички вриеж што ја подигнува свеста и за меѓугенерациско пренесување на настраните вредности.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)