добар (прид.) - човек (имн.)

Вториот маж на Христина е Македонец и беше многу добар човек.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Никогаш на него не паднал зол укор, го почитаа, беше добар човек и добар татко, имаше ќерка врсница со Богдановото девојче, а ова му дојде како болест.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го паметам како добар човек и уште подобар шегаџија. Не знам дали неговите шеги беа толку шеговити и секогаш нови кога ги правеше со возрасните, но нас децата тој секогаш знаеше да нѐ изненади и да нѐ засмее до пукнување.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
И така, луѓето се сеќаваат на добриот човек Мирчо и благодарни му се.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кој знае кога, некој си добар човек, Мирчо од селото Брегово, ја направил оваа чешма за да им служи на жедните.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ти омажи за добар човек. Он не збори многу, ама многу мисли. И добар ѕидар. Нема подобро.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Он добар човек, ама некогаш он прави глупости и мене нервира.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Ти, сепак, си многу среќна, - рече таа, - Вера е многу добар човек, - барем мене така ми се чини.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Тој симпатичен добар човек одеднаш ми стана туѓ, дури непријатен.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
МЛАДИЧОТ: Ви благодарам. Вие сте - добар човек.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
„Имал среќа“ се велеше и за некој кој за влакно ја одбегнал смртта, не затоа што бил добар човек кој вредело да поживее, не затоа што на време закочил, или затоа што не се колебал да повика пожарна, туку затоа што бил следен од тој невидлив дух кој му го покажувал патот, оној истиот кој ни става чадор во торбата кога почнува да врне, кој го отвора зеленото светло кога брзаме, кој прави на улица да се судриме со луѓето кои сакаме да ги видиме а да одбегнеме други, кој со нашата рака ги влече правилните животни потези, со еден збор, кој ни помага сѐ да биде како што треба.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Многу добар човек е, исто, Иван Никифорович.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа нему многу му се допаѓа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
-Ќе те откопам, - рече - јас сум добар човек.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Мајка ти заслужува повеќе од еден убав ден, рече Дуко Вендија, иако добриот ден завршува како и добриот човек.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден наш соселанец од Дренош, добар човек, се обиде да нѐ извлече од обрачот и со коњска кола да нѐ префрли до Зеница.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Меѓутоа, во душата, тој беше добар човек, добар со другарите, услужлив, но генералскиот чин сосема го извади од колосек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога, пак, тој ѝ раскажа што била работата, таа плесна со рацете и рече дека треба да оди директно кај началникот на полицискиот реон, дека блоковскиот ќе го измами, ќе му вети а потоа ќе го влечка; дека е најдобро да оди направо кај началникот, дека тој ѝ е дури и познајник, зашто ×ухонката Ана, која порано работела кај неа како готвачка, сега е дадилка кај началникот, дека таа често го гледа и него лично како минува покрај нивната куќа, и дека тој исто така секоја недела е в црква, се моли, а во истовреме ги гледа сите со весел поглед и дека, според тоа, по сѐ се гледа дека е добар човек.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога го доби генералскиот чин, тој некако се збрка, си ја загуби патеката и воопшто не знаеше како да се однесува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден директор, како добар човек и со желба да го награди за долгата служба, нареди да му се даде нешто позначајно од обичното препишување; имено, од веќе готово дело, му беше речено да направи службен акт до некој друг отсек; работата се состоеше само во тоа да се смени насловниот титулар и да се сменат глаголите од прво во трето лице.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И прв пат виде дека и неговите очи можат да бидат болни и тажни. „Ти си добар човек,“ му рече. „Зошто мислиш дека си зло?“ Ја погледна: сега неговите очи не беа веќе тажни; се смееја, беа голи до дно и разголуваа се околу себе. „Не сум свештеник и не го кршам челото со свети камења пред манастирските олтари.“
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Остатокот на мисијата: предавањето на пораките во Мароко и Тунис ја губеше првобитна смисла и замисла без семоќниот дипломат, добриот човек Лакхдар Ибрахими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мојата мала дипломатска стратегиска тврдина мигум беше урната.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ти гледај, твојот Чедомир да е добар човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но по некој инстинкт, чувствуваше дека е добар човек.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Шефот на станицата, оној добар човек со црвена капа, а и со црвено лице, одеше од оган до оган и ги храбреше луѓето, велеше Оние од вашата Македонија ќе го пуштат срцето, велеше, и тие имаат душа, луѓе се, ќе сфатат што значи ова ваше преселување на станицава, велеше Знам дека не е целата работа само да се има плодна земја, дебела вода, бел леб и стреа над главата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Без да ја крева главата, без да фрла опул во нив, Пелагија знае дека тука е шефот на станицата, добриот човек со црвената капа и белата лопатка, учениците што треба да го завршуваат последниот клас, а според сенката што се мернува пред нејзините очи и здрвената снага на старецот, тука треба да е и Танаско!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој е добар човек. Ја разбра нашата човештина...“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дејко тргна по него. Мачната пауза ја пресече кметот: - Добар човек... Сака да помогне...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ристосија, Ица, по војната, особено откако дозна дека таткото (Дракчето) го заробиле Грците и некаде во солунското го погубиле врзувајќи го за некој џип и влечкајќи го по некоја солунска турска калдрма, имаше среќа да се реши да се омажи за Најдо Пашалески кому жената му почина и кога затоа што беше толку добар човек сите го сожалија и му помогнаа за жена да ја зеде Ица.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Еднаш ми даде нафта за горење и макарони. Станавме пријатели. Многу добар човек.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Кога ти велев! - продолжи Горјан. - Чичко Тале е добар човек. - Многу добар - одговори Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Таков бил и Луман на кого луѓето до селото под Пелистер му испеале песна што и денеска се пее и го чува споменот за човекот што го заплашил народот и за едни добри луѓе што биле комити ѝ му платиле.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Од добар човек е, - рекол и никогаш веќе уста не отворил.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Стопанот, кај кого работел, бил некој добар човек и извадил петолирка, им ја дал на неговите другари за да го гледаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Дедо Стефан беше еден намќор човек: никогаш не знаеше да се насмее и секој збор го изговараше налутено, гледајќи те попреку. Но правничен и добар човек.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Штета што нема да се сеќава на него, добар човек беше дедо ти.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бреза се смееше и не се плашеше, оти чичко Пивце е еден весел и добар човек, што подобар не може да се замисли.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Тој беше добар човек.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дедо ти Петре беше многу добар човек, никогаш не ме скара, ниту да ми подвикнал, беше голем домаќин.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Добровечер, кого бараш? – праша тој со строг глас, ама јас знаев од раскажувањата на брат ми дека дедо ми бил многу добар човек и воопшто не се збунив што така ме дочека.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Која си ти? – праша девојчето и застана пред него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си реков дека тој сепак е добар човек, ако ги тргнам настрана глупостите што ги правеше поради некаква си опсесија да биде доминантен или манипулативен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Сакам да ти благодарам. Ти, чичко, изгледа си добар човек. Сите возоводачи ли се добри? - Сите.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И така, луѓето се сеќаваат на добриот човек Мирчо и благодарни му се.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кој знае кога, некој си добар човек, Мирчо од селото Брегово, ја направил оваа чешма за да им служи на жедните.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)