дождовен (прид.) - капка (имн.)

Додека дождовните капки патуваа кон земјата, формираа широка основа на огромен разбој за ткаење кој ткаеше бескрајно и проѕирно перде, а постојното тропање што дождот го правеше беше како тропањето на разбојот кога ткае.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Проретченото есенско лисје не можеше да ги додржи дождовните капки.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Од ова место, од овој брег, Профим наутро прв узнава каков ќе е денот; прв наутро со очите шета по езерото, и по неговата мирна или разбранета површина, заклучува каков ќе е денот: убав или лош; одовде тој прв го здогледува и раѓањето и умирањето на денот; одовде прв на дланка ги дочекува дождовните капки, првите снегулки, ветровите, маглите; по сите пролетни и есенски поплави што го зафаќаат селото, тој прв излегува од куќата како дедо Ное од ковчегот, и проверува што сторил господ; што однесле суводолиците од селото, а што оставиле; одовде тој секое утро се прекрстува кон манастирчето Св. Арангел, молејќи го за здравје и долг живот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во неа, како во шолја, стоеше голема дождовна капка. Гледајќи ја девојчето заплака. 31
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во собата продираа најразлични звуци: од тоалетот наутро се слушаше гргорењето на неговото порцеланско грло, од покривот лекото роморење на дождовните капки, од таванот итрото глувче што трча меѓу тајните прегради, а од под скалилата појот на канарката во нејзиниот кафез.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Крупните дождовни капки што ѕвонат во есенската ноќ капавицата ја будат низ олукот плискаат истечуваат со големите води.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ги гледаш дождовните капки на елките. Тие тука стојат многу кратко време, светат како лампиончиња, како стаклени прашинки.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)