дозволив (прид.) - да (сврз.)

Си дозволив да Ве слушам, бидејќи ме привлече Вашата мисла. Се согласувам со Вас во потполност.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Не беше од Маказар, а очигледно не беше ни од блиските села, ниту пак, си дозволив да проценам, од Монастир или од Ресна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, Луција му ја дала песнарката откако ја понижив; тоа можеби значеше дека Луција немаше да им ја даде, доколку јас не го сторев она што го сторив на кејот, и дека таа им ја дала сега затоа што ме сака, односно затоа што ме мрази, а ме мрази затоа што јас не ѝ дозволив да ме сака.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Им дозволив да мочат без да излегуваат од рововите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас, најден тука тогаш привремено, си дозволив да бидам со нив.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Влегов во салонот сиот бесен што дозволив да ме довлечкаат на таа сенилна седенка од ислужени политичари и патриотари, згнасен од нив и цврсто решен да се опијам до бесвест...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)