долг (прид.) - пловидба (имн.)

Јас никому не сум му донел добро досега.“ Се заврте и појде со наведната глава, ја остави со солзи во очите и сигурен дека поаѓа на долга пловидба, иди, девојко, вљубените не се никогаш себични. Тие се само жртви.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во бродот беа присутни сите Титови обележја, освен него: неговата биста, неговата работна соба, неговиот свет од долгите пловидби, плочките на кои беа испишани имињата на славните посетители, покрај државниците и имињата на Елизабет Тејлор, Ричард Бартон, Софија Лорен и други...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го пречекав бродот Галеб како Титов амбасадор, односно негов претставник, пред кого беше построена морнарската гарда и го примав рапортот на командантот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Свеска ми знае каква долга пловидба ја чека со мене.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Марсијанската напнатост и темната разлеаност на големите води – споменот на моите елементи – ме тераше на долги пловидби.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)