долен (прид.) - дел (имн.)

По добивањето на спорот, Авдиќ продолжува со работа во АД „Киро Ќучук“ уште 4-5 години, но на пониски работни позиции и со континуирано вршење мобинг од страна на претпоставените.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На пример, кога кај Авдиќ се влошува здравствената состојба со појава на „Discus hernia“ (болест во долниот дел на телото, попозната како крстоболка), нему – свесно, злонамерно и 104 тенденциозно – му е доделено ново понижувачко работно место за товарење и растоварање, сè со цел врз него да се изврши психичка и физичка тортура.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гледајки го човечкото тело е исто така во форма на, крст, кој со долниот дел, нозете е врзан за земјата.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Сега станавме една мала работна задруга. Луѓето ги сместив во старите простории во долниот дел од куќата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Инстинктивно чувствував дека тие инсекти се заразни и самите себе си се болест, па клечејќи го држев марамчето врз долниот дел од лицето... го гледав ужасот... се свртев, болна, криејќи си ги очите... но сепак цел ден останував обземена со најлут гнев: нејасен, проникнувачки, со чувство на вина и засраменост.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Потоа, внимателно, како што го научија, ја протна жицата од мината низ тревата и ја врза за долниот дел од авионот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се појавува Американката, едно ладало го крие долниот дел од нејзиното лице.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
До година, здравје, мораш друго да си сошиеш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Долниот дел од ракавите толку му се излижаа - само што не почнале да се кинат. Исто и јаката...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога дојде и Бојан, децата се упатија кон долниот дел на Гогов Валог.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
По малку од долниот дел на Гогов Валог, откај ливадите, се врати одговор: - Ееј, Бојанееее!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од долниот дел на плевната, кошарата, сѐ поупорно се слушаше блеењето на овците и мукањето на говедата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Прва грижа му беше да ги пушти надвор овците и говедата, кои беа затворени во долниот дел од плевната.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Откако го остави горниот дел од пижамата на креветот и почна да го облекува долниот дел, тој се сврти или случајно забележа, изненадено, дека грифонот, кошулата што при фрлањето паднала на душемето ја држи в уста и го чека тој да ја земе и да си ја стави на место.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Кога ја поставуваше мрежестата ограда, пред две-три години, не го спои долниот дел од жицата со рамката на прозорецот, или барем да го доближеше до неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Кога долниот дел од записот беше препишан, Филозофот требаше да се искачи кон горните, први редови.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Змија На долниот дел, каде што се протегаше големата смиреност на вода, двајцата истовремено забележаа шарена долга змија во водата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се упати кон долниот дел од градот, кон патот што води кон планината.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Битката се водела за спасување уште на неколку члена од посадата што се нашле во долниот дел на бродот и постоела опасност да изгорат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Потоа отиде до долниот дел од креветот, и ги бакна нејзините стапала, кои лежеа на работ од постелата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се сврте, и потрча кон излезот на просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Она што го имаше на себе, а имаше премногу, кога ги одбирала костимите не го почитувала како принцип или свој стил затоа што беа минималистички и, вака седната, можеше да извади од памет некого затоа што долниот дел не се гледаше од месо... многу месо.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го шмукав јазичето со мирис на ркулец заглезден во влажна почва и со киселкаст вкус на штотуку зазреана мушмула, чувствувајќи ги на образите усните со кои на горниот и долниот дел во една колку вистинска толку замислена точка, се спојуваа нозете на Ема, и тогаш ми се чинеше дека тие усни, кои никогаш не кажале ништо, ниту ќе кажат некогаш нешто, а толку многу знаат да кажат, и толку многу сакаш да ги чуеш барем еднаш да проговорат, без оглед дали ќе те фалат или ќе те кудат, ме подземаа со слузта што благо ме облеваше внесувајќи ме навнатре со сѐ позабележливото поткревање на телото што лежеше под мене, со можеби инстинктивното поткревање нагоре, и повторното спуштање, во ритам што беше дел од нашата игра, од нашиот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Витален орган“, велеше и се смееше, лизгајќи ја десната рака до подлактицата меѓу моите нозе, допирајќи ме на долниот дел од задникот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тоа Круме ми го рече тивко, како да го кажа само за себе, и како да додаде: „Слобода ли е тоа?!“ додека двајцата гледавме во развеаната сукња на Илона, (небесно сина, широка во долниот дел, на половината припиена за телото, одназад врзана со тегетен колан), во миговите кога таа со ситен чекор по плочникот се оддалечуваше од масата на која дотогаш седевме заедно во бавчата на „Анте Портас“ на кејот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Направи мала пауза во кажувањето, забришувајќи си го челото од потта со долниот дел од ракавот на сакото, и продолжи: “Еднаш Стево ми го кажа тоа што јас одамна го знаев, дека госпоѓата не му палела.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа со двете раце ја растегна книгата, готов да ја распартали, па го свитка коленото, го положи долниот дел од десната нога на креветот, се надвисна над една од страниците и почна да чита: “Веќе подолго време се подготвувам да пишувам за тоа на кој начин ми недостигаат слободата и нормалниот живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Трчајќи некое време по куќата со долниот дел од моето спортско одело врз главата, застанувам на тремот пред влезната врата и не можам да се решам дали ќе биде навистина смешно или повеќе ужасно ако излезам така. 10.00 Сè уште сум на тремот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Завршувам во најнеугледната комбинација што мојата колекција може да ја понуди.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Дебелите обесени образи во долниот дел беа толку надуени што беше тешко да се поверува дека во нив нема мали магацини за храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ги навлече завесите на прозорецот да ја подзатемни собата, го постави дрвениот столна средината на собата, седна на самиот крај, со долниот дел на нозете во прав агол во однос а бутините, со нозето подрасчекорени.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го затвори и ја отвори фиоката во долниот дел.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во долниот дел на машината, една црвена стрелка заигра по бројките: 87 килограми... 102, 74, 95, 91 — секој човек беше измерен, заведен, а податоците со калеми се симнаа удолу.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Добога, па тоа е врв!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Прснува да се смее...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Си ги открива бутините, долниот дел од стомакот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Внатре има исто толку светлина колку и надвор и покрај проѕирната завеса, ѕидовите бели како млеко, широк кревет од горната страна на прозорчето, а од другата, стаклена витрина со четири фиоки во долниот дел, долу светнати штици покриени со килимче какво што имаше кај тетка Евдокија во Прилеп, на средина маса со плетена покривка и модра стаклена вазничка со цвеќиња од градината.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не ги ни засука ракавите кога ја нурна во водата и со долниот дел го поклопи падобранот од тоалетна хартија и којзнае уште што друго под него.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, тактиката излезе сосем беспотребна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа е долниот дел на ракавот што кога не е студено се заврнува и послужува како џеб.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Знаеме дека Duchamp морал да пушти прашината да се акумулира врз долниот дел на неговото Големо стакло, на таков начин што од неа, во текот на повеќето месеци, ќе се создаде цртеж на некаков фантастичен пејсаж, кој, осветлен одоздола, му даде повод на Man Ray да ја сними фотографијата што ја познаваме.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)