должен (прид.) - веднаш (прил.)

Работодавачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 48 часа по настанот, писмено да го извести органот на државната управа надлежен за работите на инспекцијата на трудот за: а) секој смртен случај; б) колективна несреќа и повредите при работа кои предизвикуваат времена не- способност за работа повеќе од три работни дена и в) секоја појава која претставува непосредна опасност и ја загрозува безбедноста на вработените при работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А, пак, според актуелниот ЗБЗР (2007): Кога еден или повеќе 214 вработени го напуштиле работното место или опасната зона, заради непосредни или неизбежни опасности по нивната безбедност при работа, тие не смеат да бидат ставени на одговорност заради нивна реакција во вакви случаи (чл. 25, зт.4 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Штом биде поведена постапката за заштита од вознемирување на работното место, равотодавачот е должен веднаш, а најдоцна во рок од 8 дена од денот на приемот на барањето за заштита од вознемирување да предложи на страните посредување како начин на разрешување на спорот и да им предложи да изберат лице од листата на посредници (чл. 22) кои се избираат од редот на вработените кај работодавачот и тие се должни да постапуваат независно и непристрасно (чл. 12).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
По добивањето на прегледот, работодавачот кој е обврзник за пријавување на податоците, е должен веднаш на осигуреникот да му го достави прегледот во хартиена или електронска форма согласно прописите со кои се уредува заштитата на личните податоци. (чл. 9 од ЗИДЗПИО/јул.14) Доколку работодавачот не постапи согласно оваа обврска ќе му се изрече глоба во износ од 2.000 до 3.000 евра во денарска противвредност. (чл. 10 од ЗИДЗПИО/јул.14) 55 Оваа небулозна, антиработничка и противуставна одредба, после масовните протести и изблици на револт кај оваа категорија на (прекарни) работници и пошироката јавност, конечно беше укината со чл. 1 од ЗИДЗПИО од јули 2015 година. 61
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Беше избришан законскиот текст кој предвидуваше дека „помирувачот е должен да биде неутрален и непристрасен во текот на преговорите“ како непотребен!? (чл. 19 од ЗИДЗМРРС/14); б) во случај на штрајк или спор во дејностите од општ интерес и во кои прекинот на работата би можел да го загрози животот или здравјето на луѓето или да нанесе штета од поголеми размери, се утврди построга формулација која пропиша дека „страните во спорот се должни веднаш да пристапат кон мирно решавање на колективниот спор“, а предлогот за помирување треба да биде поднесен наредниот ден од денот на настанувањето на спорот.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Што се однесува до постапката при известување за смртен случај, колективна повреда и потешка повреда на работа, како и за недостатоци во примената на прописите за заштита при работа кои ја загрозуваат или би можеле да ја загрозат безбедноста на работниците при работа, одредбите останаа непроменети, односно, инспекторот е должен веднаш да изврши увид на лице место заради преземање на соодветни мерки (чл. 22, ЗИТ/85 и чл. 21, ЗИТ/97).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Дали во таков случај волјата на работодавачот ќе преовладее и истата би ги дерогирала закoнските норми донесени од страна на надлежните државни органи!?;22 ● поранешната обврска на работникот да го извести работодавачот за сите заканувачки опасности по животот или здравјето на другите пред нивното настанување, или по настанувањето на материјална штета, претрпe измена со тоа што сега работникот е должен веднаш да го извести својот претпоставен или друго овластено лице кај работодавачот, но сега само за веќе настаната материјална штета, што секако не е во полза на работникот, бидејќи тој согласно постоечките позитивно - правни норми од ЗРО, индиректно одговара за материјалната штета која би ја претрпеле трети лица, а за која работодавачот во иднина би можел да ги рефундира трошоците од работникот (чл. 13 од ЗИДЗРО/септ.10); г) одредени измени, повторно на штета на работникот, претрпе и чл. 35 кој ја регулира обврската на чување на деловна тајна.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)