домашен (прид.) - ракија (имн.)

На масичката веднаш до големиот прозорец со поглед кон блиската река веќе беше поставено мезето со двете чашки домашна ракија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко на залез на сонцето, кога последните црвеникави зраци исчезнуваа зад тврдината Кале извишена на другиот брег од реката, зад која патуваа и исчезнуваа неговите мисли, ќе ја оставеше книгата на комодата крај миндерот среде чардакот, а тоа за Мајка беше знак да ги донесе бокалчето домашна ракија и Татковото омилено мезе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Ајде за арно и за убаво нека е!“ помирливо рече татко му и извади домашна ракија за сватовите кога се даваше зборот, а следното утро, сè уште по малку весел, отиде да ја подигне заштедата, за свадбата.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пиеја домашна ракија во изнајмениот стан на пријателот, беше доцна вечер, а топлата есен полека одминуваше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не би било лошо да ја пробаме таа домашна ракија која толку ја рекламирате.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
И наредната ноќ, кога доктор Миха се прибра дома уморен од претходната со провинциските актери и домашната ракија, а и нерасположен да ги поднесува божемните попатни задевања на адреса на неговиот поставен текст од познајниците на кои ќе наидеше по театарските бифиња или во Клубот на писателите и на новинарите - синот не им дојде да преноќи, ниту пак дента се јави од некаде макар по телефон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Јас пак ракија, овде имаат добра домашна ракија.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Грдан погледна во шишето, бистро како вода и без етикета, сакаше да праша по навик од каде ѝ е таа домашна ракија, но веднаш се сети дека тоа сега би имало некое задно значење, па само посегна по својата торба.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Изразивме сочувство, подадовме рака, а таа за душата на синот кој оставил здравје во Америка не почести со домашна ракија, со локум и студена вода од бунаррот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)