домашен (прид.) - средина (имн.)

Во меѓувреме, овде е и второто дете, кое ја следи целава неподносливо напната атмосфера во домот, па, сакало-неќело, прифаќа и рефлектира од она што го поприма во домашната средина.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Некои кучиња, поради промената на домашната средина или храната, запаѓаат во депресија: одбиваат да јадат, да вршат нужда каде што е определено за тоа, ја прилепуваат главата на шепите, дишат тешко, издивнуваат, лежат нерасположени како да им е одмилен животот.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)