доминантен (прид.) - место (имн.)

Огромна е железничката станица која зафаќа доминантно место на „Монпарнас“ и која со својата својстсвена современа архитектура многу се разликува од старовременскиот амбиент.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Доминантно место доби цртежот на Филип, оној во сиви и темни нијанси - депонијата Вардариште.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Таквото езеро го привлекуваше човечкото око низ историјата: на Римјаните кои овде го изградија патот Виа Егнатиа и го основаа градот Лихнидос, на Византијците, на православните, кои направија од Охрид доминантно место во својата сфера на влијание.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)