доцен (прид.) - час (имн.)

Додека заспивате во постелата на доцниот час Марк Стренд упорно ви тврди: Ова е вистинскиот час!
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Корец го посетува солунскиот епископ Генадиос, еден од повеќето непоразени свештеници.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Надеж во доцен час, спас пред започнатата егзекуција.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дневникот ретко го раскрилуваше во доцните часови на ноќта, ама една тетратка постојано имаше под мишка било каде да тргнеше.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Знаеш што рекол еден штурец и тоа во доцните часови по полноќ кога го замолиле преморените штурци да замолкне за да дремнат малку и тие?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ново утро. Убавино кај си, во овој доцен час.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
И таа, во доцните часови, додека беше трезвена и будна, мораше од софата да го следи тоа нивно лудување.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги одбегнував нивните погледи за да не го видат сожалувањето во моите очи, моето сожалување кон нив затоа што јас тукушто бев со тебе, твојот мирис сѐ уште беше на моите дланки и толку голема иднина навидум беше на видик.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овој доцен час изгледаше како светот да им е предаден на мажи кои се без жена, мажи кои со понизна трпеливост чекаат нешто неодредено како што јас ги исчекував нашите средби.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За мене ова беше уште една таква ноќ и до моментот кога пристигнав на мојата станица веќе знаев дека ќе ми помине, ќе бидам доволно опоравен за да можам да пешачам до дома по мрачната улица составувајќи поеми за копнеења кои што никогаш не ги запишував.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)