драг (прид.) - мој (прид.)

Ти не знаеш сосема јасно, драги мој, но чувствуваш дека поедноставно е громко да го изговориш тоа јас, отколку вистински, на вистински начин, да се наложиш кај другите, во светот и животот, и вистински да се услагодиш со него.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Збогум драги мои, јас сум неизлечиво болна.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Да, не пишува, драги мои.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Затреперува со устите неусетно и лесно, па почнува: - Седнете, седнете, драги мои, - го позема ливчето и поблиску се допира.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
А учителот, притоа, не испушташе да рече: - Гледате ли, драги мои, како секојдневно и неусетно ни се слива времето. . . како се проткајува и тече, тече и одминува со нас, а и ние со него. . .
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ние, ние возрасните, драги мои.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
СПИКА - На убавата ко слика спикерка во кревет ѝ се спикал еден спијач. Како е твојата спила, драга моја; пие ли нешто “, или има спирала!?“, ја прашал спијачот изненадената спикерка. „Пие спиритуално и мрази аспиранти!“ рекла спикерката. „Дишан“, рекол спијачот, „спиритус, спирала, аспирант...“ „Гринавеј“, рекла спикерката, „лошиот господин Спика и фината Џорџина...“ „Ете, сплискавме уште еден разговор“, рекол спијачот. „Без да спискам!“, рекла спикерката. Спијачот се насмеал и заспал.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во таков случај, драги мои, имаме само еден пат и тоа е за нас вистинскиот - да заборавиме на политичкиот театар и да си се приклониме кон партискиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Е па, драги мои, од оваа моја согледба треба да заклучиме: За да се стане важна личност во театарот, воопшто не ви е потребно да испразните многу фурни со театарски леб.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа е, драги мои, поради тоа што немаат нос за она што е наше, домашно, односно за она по што театарските адоранти глава кршат, пари дават.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На таблата напиша: „Збогум, драги мои. Заминувам за вечно... Заминувам зашто немам повеќе за што да живеам...“ Го најдоа удавен во езерото. ...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
ФЕЗЛИЕВ: Сигурни. Во нашава работа, драг мој Иване, сигурноста сосем не е единица под наша команда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ФЕЗЛИЕВ: Драги мој, вдени го Лукова в појас и не вади го како страшило кога разговараш со мене.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
- Не ми веруваш... - се опира тој. - Па ти бладаш, драги мој.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Умот нема цена и не се продава, сѐ уште беспрекорно ме служи, за разлика од срцето, кое, драги мои, го подарив.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Какви макети, драги мои! Изградивме вистински железен мост!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А колку често драги мои, паметиме работи кои што тоа не го заслужуваат.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
На малкумина драги мои пријатели, на малкумина.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Е, драги мој господине, твојата Срцка од октомври ќе ти биде колешка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Јас, драги мој, - продолжи саркастично - само сакам да ти кажам, јас сакав да живеам со тебе, а не со твојата професија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Се е тоа во ред, драги мој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Па драги мои гости, бидејќи сте во мојава куќа, ред е да прашам зошто сте газеле толкав пат за да дојдете во мојот дом.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Оправдувањата драга моја... - двата збора Рада ги доживеа како два удари со камшик кои оставија крвава трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Драги мои девојки! Јас сум виновникот за вашето доцнење, затоа ќе ве вратам во Бечеј со мојот автомобил.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Е, драги мој, човечки е да се простува, а ти и твојата мајка предвреме ме прогласивте за курва.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Изненадувањата допрва следат, драги мој.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Драга моја најмила тетичке. Писмово ти го пишувам во расчекор меѓу денот и ноќта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Од овој миг ти си господарот на мојата душа и тело, - беше тивкиот одговор на Рада - Пиј ме драги мој, полека, голтка по голтка, како што вечерва го пиеш виново, освојувај ме педа по педа, стапка по стапка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Но, тоа не е сѐ, драга моја Ема,“ рече госпоѓа Мариела, станувајќи од фотелјата и, по два чекора направени кон прозорецот, одеднаш се сврте кон девојката и низ шепот и додаде: „Сликарот Драган Соколовски спиел со монахињата.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Можно е, можно, драги мои осамени срца,” им се обрати госпоѓа Мариела на подзинатите усти пред неа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Пријателе, рече, драг мој Кристапоре, земи го ова јапонско дрво старо близу еден век и чувај го да те потсетува дека животот може да се одржува и да и се противставува на злокобатадури и со последното жилче.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
На погребот се собраа многу луѓе. Дојде од градот и неговиот колега Сирин, кој простувајќи се од Мил рече: - Нека ти е вечна слава, драги мој Мил.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
А. ПАВЛОВНА: Здраво, драги мои. Зошто ова нешто попаднало кај мене.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ПИСАТЕЛОТ: Бесполезно е, драги мој, бесполезно.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Драга моја мамичке! Ти си зачудувачка неделикатна жена.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Фино што се сретнавме! Здраво, драга моја Желко!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Пол, драги мој, седни, те молам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: Па, драги мој, малку ли нешто јас допуштам.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Додека јас го читам писмото, во офф одекнува гласот на сестра ми Фелон следен со мелодраматична музика: „Драги мој брате Стивен Керингтон, Овде во Денвер е лудо и незаборавно и штета што те нема да шизиме заедно, а не само мене живец по живец да ми корнат... Во превод: полудевме!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Едо, јас не сум создадена за мажење“, му рече Елефтерија, гледајќи го право в очи како во очекување, како да мислеше дека она што таа сега го рече може да го има своето целосно значење само откако ќе чуе што ќе рече Едо. „Ни јас за женење. Драга моја!“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Драг мој од маки заблуден пријателе, Живот што вредиш, како и човек секој.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Стрпи се драга моја мајко, наскоро ќе се најдам во твоите прегратки...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Драг мој непознат пријателе! Те оптоварив со бројки. Прости ми. Таква ми е професијата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога размислувам за воздушните пушки, јас, драги мои читатели, најмногу се плашам за птиците.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сега развиј се во пеперуга драга моја ларво. Внимавај да не скршиш нешто играјќи.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Да, драга моја Мила, многу е убав, прекрасен е, паметен е, нежен е, незаменлив е овој мој Игбал, ѝ шепнав како да е таа крај мене на килимот. И беше во тој миг.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ние тројцата летавме таа ноќ и чудесно убаво се чувствувавме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)