древен (прид.) - време (имн.)

Пловејќи по морињата без мапи и навигациски инструменти биле принудени да ја развиваат независноста на мислите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Поморците од тие древни времиња морале да бидат храбри и умни.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како што одамна беа рекле Предците на новодојденците од Македонија Еден народ троа брлив троа чуден Таму некаде од некакви балкони или балкани Којшто уште од древни времиња Ги слави само поразите И севезден прераскажува свежи соништа Свежи самоклеветења и самобербатења
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Се упатив кон брегот. Картагина беше цвет-светлина во сите годишни времиња.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Елеазар бен Цви пред очите ги гледа ликовите на првите владетели што во новата земја ги обединија еврејските племиња и на свештениците на единствениот бог што водеа битка со првосвештениците на паганските култови на богот Баал и на божицата Астарте, ги гледа нивните жртвеници и необични ритуали во кои на овие божества им жртвуваат крвни жртви, обезбедувајќи, по сите колебања и пресврти, доминација на единствениот, на Мојсеевиот бог и на неговите свештеници, на рабините од древните времиња благословени оттогаш, па сѐ до денес, сѐ до него.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Имав впечаток дека статуите од древните времиња тажно ме гледаат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако јазикот е скривница и прибежиште на таквите прастари колективни симболи и спомени, тогаш расказот е премин кој ги поврзува древните времиња со современите, архаичниот човек со денешниот човек, некогашниот Македонец со модерниот млад Македонец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)