државен (прид.) - контрола (имн.)

Супстанциите што се продаваат би биле посигурни, со тоа што би се вовеле стандарди во поглед на квантитетот и квалитетот, произведувачите би биле одговорни во случај на нечистотија на производот, а и информациите во врска со влијанието на различните видови дрога по здравјето на човекот и неј­зиното мешање со други дроги би станале широко достапни.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ваквиот пристап исто така многу повеќе би одговарал на едно американско сло­бодно општество во кое постои минимум на државна контрола.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Кога државата би добила монопол за продажба, би се укинала и традиционалната корист од конкуренцијата со која се привлекуваат купувачите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во системот на државна контрола, цените веројатно би биле повисоки, пристапот ограничен а услугата послаба.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Управувачите со Иран, на пример, од Кир, персискиот цар, до скорешните Пахлави и Хомеини - беа примери за вистинската традиција на државна контрола.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Старогрците беа ограничени и од друга страна, што ќе ја именуваме како Запад (или иднина), со еден крут концепт по име Рим.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
•  2008: укинување на изречната забрана според која работникот во ноќна смена не смее да работи повеќе од една недела (Закон за работни односи); •  2009: зголемување на државната контрола над синдикатите преку промена на критериумите за репрезентативност (Закон за работни односи);
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А сето ова да помине со што помалку реакции, преку промена на критериумите за репрезентативност, дополнително е ослабната моќта на синдикатите и е зајакната државната контрола над нив!
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Тие се „места и процеси на бележење и покажување на односите на моќ“.33 33 Helene Pellerin, “Borders, migration and economic integration: towards a new political economy of borders,” in Global Surveil- lance and Policing: Borders, Security, Identity, ed. Elia Zureik and Mark. B. Salter (Cullompton: Willan, 2005), 51. 31 Од самото создавање на модерните национални држави, границите и пограничните региони се многу важни симболички територии на сликата за државата и државната контрола (бидејќи граничните зони се првите и последните области на државата видени од патниците).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Понатаму, границите се механизми на државна контрола – како на оние што се внатре во нив така и на оние што се надвор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тие се знак на суверенитетот и доменот на државата, како и средства за одржување на државната контрола врз протокот на стоките, луѓето, богатството и информациите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Крајот на Студената Војна, глобализацијата на културата и интернационализацијата на економијата и политиката резултираа во отворање на границите и намалување на оние државни контроли кои го „реалистичките“ аргументи, од безбедносна перспектива, види Peter Andreas, “Redrawing the Line: Borders and Security in the Twenty-first Century”, International Security, Vol. 28, No. 2 (Fall 2003): 78–111. 48
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)