државен (прид.) - непријател (имн.)

Државен непријател, престапник, злосторник. Робијаш - тоа.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Собрале старо и младо, затвореници, „државни непријатели”, предавници на народот, а најмногу млади кои се обиделе да ги минат границите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
* Потрагата по животот и делото на францускиот поет Гијом Аполинер, од италијанско-полско потекло, ми го отвори патот кон откривањето на неговите врски со албанскиот полиграф Фаик Коница, од сталинско-енверскиот албански режим прогласен за „државен непријател број 1” поради своите западни идеи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој го дополни Татко со кажувањето дека душманот можел да се смета дури и за државен непријател, за жртва во крвната одмазда, за шовинист, екстремист, националист, непријател на другиот, и што уште не!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А анархист, државен непријател и јатак можеби и не е такво некое чудо заради што ќе ме натепа. Робијаш - чудо големо!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Камилски на крајот предложи, сепак, да се состави листата на опасните османизми и на прво место да се најде душманот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)