државен (прид.) - работа (имн.)

Во врска со ова грубо интервенирање во државните работи од страна на професорот сосема произволно беше наведена и фуснотата под бр. 3, (а без додатни објаснувања).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Оттогаш се откажа од барањето државна работа и ги засука ракавите како слободен уметник - сам во шупата што му ја отстапи стопанот без надоместок како ателје не можеше никому да му пречи со својот темперамент.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Државните работи му ги натовари на Великиот везир.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Така што најпосле Акакиј Акакиевич еднаш во животот посака да покаже цврстина и одлучно рече дека неопходно му е лично да го види началникот, дека тие не смеат да не го пуштат, дека тој доаѓа од установа по државна работа и дека ако тој се пожали на нив, тогаш ќе видат тие.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога ќе се затечат во градот Скопје луѓе на славниот маченик Христов Ѓоргија, тие не работат никакви државни работи и нема над нив власт, ни судски чиновник, даночник или управник на тврдина, ни пазач на магацини, ни собирач на соколи, на коњи, на пци, или кој и да е друг чиновник. Тоа запомни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)