државен (прид.) - систем (имн.)

Но и покрај сите потешкотии, продолжува доизградувањето на државниот систем.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Се гордееше со основните принципи по кои функционираше државниот систем во нејзината земја и вистински веруваше во она на што работеше веќе десетина години.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- Да, но татко ти не е дел од државниот систем.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Таа исто така го анализира особеното значење кое приватната сфера и семејството го имаа за слободата на жената во контекст на еден авторитарен државен систем.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
На 22 јули 1948 година, со Уредба на Владата на НРМ е формиран Институтот за национална историја, со задача да ја проучува историјата на македонскиот народ и народностите, а нешто покасно (1951) беше формиран и Државниот архив на НРМ (ДА на СРМ; ДАРМ).
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)