друг (прид.) - двајца (бр.)

Еден син ми загина за Бугарија. Другите двајца сега ѝ служат на Бугарија. И јас ѝ служам на Бугарија. Да!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од разговорот Толе подразбра дека ноќеска се собрани овдека во овие две колиби војводи и четници од сите страни и дека ќе има нешто важно да се решава, но што ќе биде, никој точно не знаеше да му објасни.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ние со Сарафов идиме дури од Софија, — горделиво рекоа други двајца.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А сомнителни ми станаа кога најмладиот, веројатно вториот помошник, како божем со стиснати нозе се упати кон клозетот, а всушност се шмугна низ вратата надвор, додека другите двајца што останаа на масата престанаа да разговараат наведнати еден кон друг и продолжија да ги накреваат чашите завалени назад.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Следуваше состанокот, околу Татковиот избор за судија, со другите двајца членови на државната комисија: партискиот секретар во Судот, Аспарух Зафиров, и со помошник-министерот Алал Комби.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Двајца мажи влегуваат во гробот, кој нема како денешниве рамно дно, туку на дното на гробот ископана е правоаголна дупка, нешто како гроб во гроб, и во неа го положуваат стрика Анѓела, откако пред тоа го подземаат од други двајца кои им го подаваат завиткан во веленце.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Попладнето, додека војниците врзан го чувале Тодета во палатката, тој, Куцаров, со други двајца офицери, отишол на Имотот за да ја сослушува Тодејца.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ти си сам? Каде е Ангелоти?“ „Тој и неговите луѓе мораа да завршат некоја итна работа, но ќе се вратат утре сабајле, и уште други двајца ѕидари, и тогаш работата ќе оди брзо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Втората група ја водеше Петко. Тој одеше на неколу чекори пред другите двајца со суров поглед, подвиткан и со стиснати тупаници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Другите двајца не престануваа да се смеат, се подбувнуваа и потфрлуваа: - А, Столе? Имаш соперник!
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Во моментите кога дедо и баба не беа во собата ние тивко се прикрадуавме, едниот од нас чуваше стража на вратата, а другите двајца опериравме.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Што се однесува до мојата тема театарот, деновиве во дневниот печат прочитав како еден актер им удира врела шлаканица на други двајца чинители на театарскиот чин во нашава Македонија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дека може сѐ да биде сведено на ловењето и дека ниеден од другите двајца не можел да види како тој не беше во состојба да докрепи пред малку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога стасаа другите двајца, Змејко веќе седеше крај печката, направена од големо бензинско буре, што се разгоруваше, а на ѕидот од греди висеше неговата пушка, сосема сува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Крчмарот ги погледна другите двајца и пак се сврте кон дојдениот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И другите дваца имаат мајки. Сите луѓе на светот имаат мајки. Обични старици.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Што да чиниме? прашува едниот. Другите двајца не знаат што да чинат.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Ќе го стреламе, вели едниот. Другите двајца не велат ништо. Одобруваат со молчење.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Првиот брза пред другите двајца: - Ја зобаш ти народната мака и на оро, си со брадестиот јарец талјански и швапски и со сите твои и заслужуваш да те избричиме под грло не како што бричи селскиот бербер Кузман па сѐ влакна бијат од лице туку ќе те избричиме јас Мушмула и Сотир ниедно влакно да не ја пробие кожата.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Двајца од Додовите другари, сега и моии, ја зедоа спрложената Мортенија со испокинати жици, други двајца го поведоа човечецот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
- Овие и сите други, од денот кога ги сретнав Водомар, човекот со два гласа, синиот пајак со златнаглава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Не можев да се смеам. Моите нови господари изгледаа пострашни од другите двајца.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Третата граната падна во близина на чунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Уште еден час, рече, и ќе дојдат други двајца со слични кокошкини идеали, моите нови пријатели, Јанкуло и Мануш, другарите Каин и Авел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се привикнуваше полека на светлината за да открие пред себе и други двајца и за да познае еден од нив: висок и мускулест, сега без влажен мантил; стоеше крај прозорецот како бел призрак од немил сон и гледаше пред себе, во проредената коса на милоликото старче до грло сокриено зад светкава маса.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Други двајца со магнетофони од кои избиваа вресоците „Војна!“ и „Диктатура!“ ги претставуваа западните екстремисти-маоисти.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зад нив други двајца пеат нескладно., главите им се во распливнати облаци од тутунски чад.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Погледот му се избистри и сега можеше да ги види другите двајца како гледаат долу во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во аголот формиран од испакнатата фасада на една куќа, тројца мажи стоеја збиени еден до друг, додека средниот од нив држеше в рака превиткан весник што другите двајца го проучуваа преку неговите раменици.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Им остави еден час време на терачите да почекаат додека тој со другите двајца чекачи се искачи до местото каде што треба да чекаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Двајцата беа свртени кон третиот на отажниот крај на гредата кој со двете раце беше потпрен на патерица и нешто им раскажуваше на другите двајца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
На средината седи претседателот на Дисциплинската комисија Мице Кокалески, лево од него членовита на Комисијата Методија Личеноски и Петре Врчковски, а од десната другите двајца членови – Спасе Ранковски и Аспасија Маткалиева која, истовремено, е и записничар.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сите другите чекаа да се вратат други двајца да земат уште уште двајца.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)