друг (прид.) - пет (бр.)

Другите пет беа еден круг од секој миг готови да наскокаат, притивнати дивинки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По многу години Дионисиј Граматик изнајде шест двогласки, после друг пет, и друг три за броевите.
„За буквите“ од Црноризец Храбар (1754)
По, сепак, Атанас, тих и срамежлив, го изучи занаетот, израсна во вистински далјан.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Русокос, висок, тенок и убав како нарисан, уште малечок, во 1947-та, кога татко му Ѓоре Дамчески и деленицата нивни Божин Дамчески Штркот паднаа во затвор, беше се завлекле во Методија Андонов Чентото и Ѓорета го осудија на девет а Божина на единаесет години затвор, мајка му, Илинка Дамческа, на која останаа другите пет деца, алипниот свекор Блаже Дамчески, и сиот немал имот, го даде кај делениците во Прилеп да изучи за ковач, што сосема, сосема не му одговараше на ликата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа решив да направам мала анкета: На прашањето кој е премиер на Канада, пет души ми одговорија различно, а другите пет немаа појма.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)