друг (прид.) - тројца (бр.)

Додека Кртот говори, другите тројца и ја пијат крвта од бокалот.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
По донесувањето на одлуката и скратувањето на законски обврзувачката должност за исплата на патни трошоци во висина на трошоците за превоз во јавниот сообраќај, Р.М. поднесува приговор до УО на МЦ кој експресно, по само десетина дена, му е одбиен и одлуката на колегиумот е потврдена во целост!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
По ова, 134 заедно со други тројца негови колеги од Скопје, се договараат да покренат судска постапка против МЦ како работодавач, со цел поништување на овие апсурдни и противзаконити одлуки.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тешко може да се објасни зошто П. Шатев, кој ги изнесува главните моменти од истражниот затвор, ништо не кажува за другите тројца свои другари.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По две недели дојде смена од други тројца, тие донесоа алишта за преслекување, храна и ракија.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој најмногу се интересираше за мојот велосипед и веќе си ја имаше ставено мојата капа на главата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Едниот постар, со бела коса и побелена брада, другите тројца помлади, неизбричени, со темни лица и подрасната коса, а петтиот беше момче на наша возраст.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бројот на луѓето пак се смали. Оние од придружбата во едниот џип, сосе џипот вилус, си заминаа назад во градот, а другите тројца, го оставија оној друг џип лада кај куќата и тргнаа по мене.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Плачеа во прво време, мислеа откако се наплакаа, и најпосле заработија. – Прво и прво да разбереме каде се најдува – со тешки воздишки зборуваше татко и пред другите тројца Анѓини заштитници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Господинот Сенка со зашилено стапче ја пока­жува не многу прецизната, но затоа огромна фото­графија на Призрак, веројатно настаната по мистериозен пат, бидејќи, тоа сите го знаат, Призрак е отпорен на фотографирање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Додека господарот зборува, другите тројца лошотии молчат и недоверливо гледаат во подготвениот материјал на Сенка: некакви слајдови, скици, мапи, големи плакати на кои се нацртани нивните непријатели, книгата „Анатомија на Мозокот”...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По малку, слегоа и другите тројца синови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)