друг (прид.) - четворица (бр.)

По малку влегоа и други четворица, непознати, заседнаа околу една друга блиска маса.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Одејќи исто како првите четворица и, носејќи ги стаповите исто како нив, преку половината на грбовите и прикрепувајќи ги со рацете свиткани во лактите, од кај срецело се задаваат други четворица: Митре Џокески, Ристе Бубичоски, Цветан Велјаноски и Костадин Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Другите четворица Турци, престрашени, не можеа ниту да отстапат ниту да напредуваат; само пукаа во празно и заедно со своите коњи тонеа во живиот песок.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)