друг (прид.) - лежи (гл.)

До еден плот, наредени еден до друг лежеа десетина сандаци со муниција.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
На вратата на трлото кое зедно со сите добиточни згради се најдува на западната страна на Имотот, то ест кое заедно со сите добиточни згради го сочинува западниот ѕид на Имотот и кое како што се тие поредени една до друга се најдува прво до Западната порта, со запалена вивка в раце ги пречекува Лазор Перуноски, Вели Шест се објагнија и ниту една засега немаме изјаловена и низ овците (дени стојат и ги дојат јагнината, други лежат свиткани набере обрачи и имајќи ги свиткани и вратовите муцките ги имаат положени на предните плешки, а очите, темномодри, им светат во темницата) и преку средината ги одведува на другиот крај на трлото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Едниот брат ми е во логор, другиот лежи мртов на педесет метри одовде.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)