друг (прид.) - седи (гл.)

Братучедите еден до друг седеа скоро на патот, а Французите малку над нив.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некои се бркаа како мали деца по тревата, други седеа на клупи и разговараа, трети се расправаа; некои стоеја сами, замислени, или засмеани, или расплакани, или рамнодушни.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Прозорецот го врамуваше тој свет таму и ме издвојуваше во некој друг свет, од каде можев да се набљудувам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Винстон, мајка му и татко му си најдоа место на подот, а покрај нив на една клупа еден до друг седеа старец и старица.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дворот пред куќата на Богдан преполн е со свадбари; едни играат оро, други седат на клупите крај ѕидот од куќата или крај масите под дрвјата, држејќи во рацете пагури со ракија и савчиња со вино, испотени од играње, од припекот на жешкото сонце.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеби тоа беше зелениот дух на водата, што знаевме - неми, стутулени еден крај друг седевме на највисоката карпа. Во сон, во магија.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)