друг (прид.) - чека (гл.)

Го спуштил стеблото крај легнатото тркало на двоколката, прашал кој ќе му помогне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се вратил глас да го залепат старецот, ама да не му стават адреса каде да го растоварат, само што од тука вратиле дека е невозможно тоа да се направи зашто и другите чекаат да тргнат со него, каде тој таму и тие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Двајца, беличот Блаже Задгорец и Богдан Преслапец, му пришле, другите чекале. Триесет и шесте запреги зад скршената кола биле беспомошни.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Наредени околу тие двајца, пак молчаливи и без чувство за повремените удари на ветрот, другите чекале едниот или друтиот Онисифор да крене рака, да замавне, да удри или да убие, да се види кој е под заштита господова. Не дочекале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Можело да се поверува дека само омразата ги зближува.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Десно – отворено море. Четири бродови, еден зад друг чекаат ред за влез во пристаништето.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)