друг (прид.) - сиот (зам.)

Секое нешто, па дури и овој празен лист хартија на масава, има две страни. Едната секогаш е позатскриена од другата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А она, дека некој друг сето тоа го искористи тоа е друга приказна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, море, така, така. Како сте нашле вие за мунасип, така нека биде, — одговори Трајко и си помисли во себе „море лели и спасиме главите, другото сето налет нека биде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)